Лука Лазукиќ непосредно пред да ја претепа сопругата Наташа Беквалац, ноќта меѓу петокот и саботата, бил забележан во еден клуб во Белград со другар и две девојки.
„Лука пред самата расправија и напад врз Наташа се забавувал во популарниот клуб во друштво на еден другар, но и две девојки. По забавата, го забележавме како го напушта локалот со другарот и девојките, со кои замина во непознат правец“, открива очевидец.
Тепачката се случила за пари, а Наташа во неговиот телефон открила и пораки од други жени. Лука пред пејачката имал еден брак, а како што и самиот зборувал, поранешната сопруга ја фатил во кревет со друг маж.
На Лазукиќ му е забрането да ѝ се приближи на Наташа еден месец кога во Првиот основен суд судијата врз основа на доказите оценил дека тој би можел да биде опасен за безбедноста на српската пејачка.