Љубомората е комплицирана човечка емоција. Многу е важно да се напомене дека таа истовремено е и сосема нормална човечка емоција којашто ја доживуваат речиси сите луѓе . Љубомората станува проблем кога не се намалува нејзиниот интензитет или кога се манифестира константно низ секојдневното однесување.
Проблемот се појавува кога таа се појавува без реална причина. Вообичаено е да почувстуваме љубомора кога ќе согледаме докази за сомнеж. Но, под некои специфични околности љубомората може да поприми и облици на самоодбрана и потенцијална опасност кон партнерот кон кого е наменета, фигурирајќи во однесувањето на партнерот дури и кога не постои реална причина за тоа.
Некои од вообичаените однесувања карактеристични за личностите кои доживуваат патолошка љубомора се:
– Постојано барање докази за неверство
– Постојано анализирање на однесувањето на партнерот и грешна интерпретација за истото
– Манијакално проверување на телефоните, интернет-профилите и секој друг облик на комуникација што го остварува партнерот
– Чести проверки на личните работи и предмети на партнерот во потрага по докази што ќе го докажат сомнежот
– Одалечување на партнерот од неговите пријатели и познаници
– Јавно искажување постојана недоверба
– Во екстремни случаи присуство на физичка и вербална злоупотреба на партнерот