Третата светска војна ќе почне со уништувањето на Дамаск

Теоретичарите на заговор се сигурни дека третата светска војна ќе започне на Блискиот Исток. Ова, како што велат, е предвидено и во страниците на Библијата.

Еден таков теоретичар на заговор е доктор Боб Тил, кој ги разгледал библиските пасуси кои, како што самиот вели, би можеле да го расветлат ова прашање. Во бизарното видео на „Јутјуб“, со име „Сирија и почетокот на третата светска војна“, теоретичарот на заговор предупредува на огромните последици од ракетните удари на објектите со хемиското оружје во Сирија, кои се случија на 14 април од страна на САД, Велика Британија и Франција.

Но, дали наводното предвидување за последиците би можело да доведе до избивање трет светски глобален конфликт меѓу светските огорчени суперсили?

Доктор Тил вели дека нападот на Сирија на 14 април 2018 година не е почеток на третата светска војна. Третата светска војна не е некој вид војна меѓу САД, Велика Британија и Франција против Русија, Сирија и Иран. Но, ќе има разни последици“.

Книгата има неколку предупредувања за тоа што всушност ќе им се случи на Сиријците. Според зборовите на доктор Тил, еден пасус во Библијата упатува на нападот што Велика Британија и САД го изведоа викендов врз Сирија. Теоретичарите на заговор цитираат и друг пасус, каде што се споменуваат уништувањето на Дамаск, главниот град на Сирија, и сирискиот режим, како и оружјето за масовно уништување.

Се тврди дека Дамаск е најстариот населен град на светот, но и покрај тоа што и некои други градови ја имаат истата таа титула, сепак според Библијата, пророкот Исаија предупредувањето за целосно уништување го упатил за градот Дамаск.

Библиските индикации се дека нешто ќе се случи пред почетокот на големото страдање.

Но, за секој што стравува од избивањето на третата светска војна теоретичарите на заговор се убедени дека неодамнешните настани сѐ уште не предизвикале глобален конфликт.

Наместо тоа, доктор Тил тврди дека ракетниот напад во саботата е само почеток за она што допрва треба да следува, а тоа е уништување на Дамаск од страна на европските сили и САД, нешто што ќе послужи како катализатор за почеток на третата светска војна. Сето ова, наводно, ќе се случи непосредно пред големото страдање, период на интензивен глад, војна, уништување и хаос пред крајот на светот.

Теоретичарите на заговор велат: „Што се однесува до третата светска војна, таа ќе се случи. Веројатно капислата за тоа ќе биде уништувањето на Дамск и тоа би можело да биде ескалација на сегашниот конфликт во Израел, Иран и во Сирија.

Уште едно слично пророштво за третата светска војна произлегува од предупредувањето на христијанскиот нумеролог Дејвид Мејд за тоа дека крајот на светот би можел да почне да се случува од 23 април 2018 година.

 

 

Scroll to Top