Атрактивната пејачка од „Ѕвездите на Гранд“, Теа Таировиќ, која во јавноста е позната по наводната афера со фолк-легендата Шабан Шаулиќ, повторно ја искуси негативната страна на славата кога еден маж во јавноста открил дека поради неа пробал да си ги исече вените.
„Јас вчера се обидов да си ги исечам вените поради тебе“, гласела само дел од пораката на момчето.
„Моите фанови и јас се сакаме до крв. Се шегувам, се разбира, луѓето тоа не треба да го прават“, одговорила пејачката шокирана од тоа што се случило.
Теа е позната и по големиот успех што го одбележа минатата година во „Ѕвездите на Гранд“, покрај Александра Младеновиќ. Нејзините песни „Танчарка“, „Мене ми одговара“ или „Доаѓаат денови“, бележат по неколку милиони прегледи на „Јутјуб“.