Пејачката Дани Димитровска на социјалните мрежи објави фотографија, пред настап и се пофали дека му била убава на дечко и Весел. Пред да излезе, таа ја објавила фотографијата која ја направил Весел и кој и дал пофални коментари за нејзиниот изглед.
Фотографијата, пејачката ја постирала со краток опис:
Он: Чек, чек, дој до дневна да те видам
Јас: Ама каснам бе, али ај (со превртување очи, со све)
Он: Убава си, дај да те сликнам..
Ете ја насмевката после убава си
Наравоучение: Слушајте си го партнерот, знае да каже и фини ствари а не само – немој да ме сликаш, не ме ставај по социјални мрежи, не одам таму земи си другарка етц…
П.с. Да, спиев со наочариве Комплименти доби и од фановите кои ја пофалија за нејзиниот изглед.
Дани Весел се подолго време во љубовна врска.Тој е поранешен кошаркар,а сега држи познато кафуле во населбата Аеродром.