Сорос стои зад масовните миграции во Европа

Шефот на пратеничкиот клуб на владејачката Слободарска партија во Австрија (FPO) Јохан Гуденус изјави дека постојат веродостојни гласини, според кои Џорџ Сорос учествува во поддршката на мигрантскиот бран во Европа.

Виенскиот дневен весник „Prese“, пишува дека Сорос ги финансира невладините организации кои се одговорни за масовната миграција во Европа.

Запрашан за доказите со кои требало да ги поткрепи ваквите тврдења, Гуденус изјавил дека станува збор за веродостојни се позачестени гласини.

Сорос, според неговите зборови е еден од многуте актери за изведување на ваквата миграција.

Американскиот милијардер игра многу сомнителна улога во целата оваа работа и се обидува доста од својот капитал да употреби за пресврти во источна Европа, велу Гуденус.

 

 

Scroll to Top