Толото време, ја измами манекенката и топ модел Катарина Ивановска, па неделното сонце го искористи за кафе муабет со нејзина пријателка.
Таа во скопското кафуле ” Радио бар” пристигна со велосипед. Катарина неодамна се врати од Барселона каде беше со синот и сопругот Цобе.
Катарина Ивановска, е една од ретките кај нас која не само што се фотографирала за најпознатите модни списанија, туку била дел и од ревиите на најпознатите светски брендови.
Топ моделот денес реши да се одмори од обврските, па иако времето го минува со своето синче Вања, саботното пладне го искористи малку за себе.