Менито кое се служело на Титаник продадено на аукција

Менито со првите обрци кои биле послужени на Титаник, е продаден на аукција за 114.000 евра. Истото му припаѓало на вториот офицер Чарлс Лајтолер, највисокиот по чин кој преживеал во прочуениот бродолом.

Ручекот, кој меѓу останатото опфаќал густа пилешка чорба, младо јагнешко со сос, лосос, печено пиле и пудинг, им бил послужен на офицерите на првиот ден на пробната пловидба на 2 април 1912 година, пренесува Би-Би-Си.

Лајтолер ѝ го оставил менито на својата сопруга, заминувајќи од Саутемптон на 10 април 1912 година, кога Титаник го започнал своето прво и единствено патување.

Акционерот Алан Олдриџ изјавил дека тоа е „едно од најреткото јадење кое постои“.

Менито е продадено во саботата на бритнаски колекционер, на аукција во Вилтшир.

Scroll to Top