Повеќе од 10 години, Џонатан Страјкер се занимава со косплеј (активност кога лица се облечени како ликови од било какво фиктивно дело, филмови, серии и цртани).
Џонатам самиот прави целокупни костими, самиот се шминка и си ја мести фризурата.
Освен тоа обрнува внимание на фотографиите кои ги прави, со позите и гримасите се труди што повеќе да личи на посакуваните ликови.
Било да се во прашање ликови како Херкулес, капетан Џек Спероу, или некој други шареколики јунаци, Џонатан во сите се претставува феноменално.