Што да јадете навечер, а нема да ве здебели  

На сите ни е јасно дека грицкањето доцна навечер не е добро за здравјето, ниту за изгледот.

Но сепак, понекогаш е неопходно да ставите нешто во уста, па доколку дојде до таков момент, подобро би било тоа нешто да биде правилно.

Погледнете ја листата на дозволена храна навечер (но умерено и не секогаш):

Кашкавал

Научници од Харвард предупредуваат дека прејадувањето може да го попречи сонот исто како и гладот, па препорачуваат лесна ужина навечер.

На пример, препорачливо е да изедете неколку парчиња кашкавал или лесно сирење.

Јогурт

Според нутриционистите, павлаката е идеална вечерна ужина, бидејќи има малку масти и протеин.

Истражувањата велат дека така ќе се чувствувате најадено, а ќе ви помогне и во текот на следниот ден да топите калории.

Крекери

Секако, не сите крекери, туку оние од цело зрно пченица, кои може да ги јадете пред спиење без да му наштетите на телото.

 

Пуканки

Експерти во нутриционизам советуваат дека љубителите на пуканки, може да јадат една шолја пуканки навечер, но без сол и масло, а како замена може да додадете бибер или лук во прав.

 

Јајце

Тврдо варено јајце содржи околу 75 калории, но добро се бори против гладот.

Според нутриционисти, ако изедете едно јајце, ќе заборавите дека сте гладни до следното утро, бидејќи ќе ве „задржи“, а нема да се „фати“ за вас.

 

Зеленчук

Практикувајте навечер да јадете само зелен зеленчук кој ќе ве засити и нема да чувствувате глад до утрото.

Каша од јаболко со цимет

Нутриционистите советуваат за оние кои се опседнати со благо навечер, да го заменат со варено јаболко од кое ќе направат каша и ќе додадат цимет.

Scroll to Top