Според астролозите, сите хороскопски знаци се прељубници, но постојат три што не можат да бидат верни.
Овен
Овој хороскопски знак е познат по избувливоста и изразениот темперамент. Но овните се познати и како страсни љубовници на кои сексуалната енергија им е доста важна. Бракот ретко ги смирува, напротив многу припадници на овој знак лошо го поднесуваат. Либидото им е најголем непријател, бидејќи често не се во состојба да го контролираат. Овните многу лесно се впуштаат во афера, па дури и ќе го сменат партнерот, посебно ако новата љубов им овозможува повеќе возбуда во кревет.
Вага
Поради својата неодлучност и претерана желба да остават добар впечаток, вагите доста често се впуштаат во флерт кој често може да прерасне и во нешто повеќе. Припадниците на овој хороскопски знак се доста страстни, но во исто време и мечтаат за филмска љубов. Токму поради тоа лесно паѓаат на комплименти, што може да биде доста опасно.
Стрелец
Уште еден огнен знак кој не може да си го замисли животот без секс. Ќе започне неверство, но не поради емоции, туку воден од либидото. Стрелците не гледаат на неверството како на неморален чин, туку како „спорт“ кој мораат да го негуваат од време на време. Припадниците на овој знак обично водат грижа за својот физички изглед, а познати се и по својот шарм на кој ретко кој може да му одолее.