(Фото) Елена во Москва

Поп-пејачката Елена Ристеска последните неколку денови е во Москва. Освен што отиде да се прошета, таа денеска настапува на хип-хоп фестивал по повод денот на трудот, 1 мај.

Концертот се одржува на стадионот „Лужники“, а покрај Елена, настапуваат и бројни музичари од Русија, ама и од цела Европа.

Пејачката деновите во Москва ги искористи и за забава. Преку фотографии на Инстаграм таа се пофали дека била на вечера со својот руски менаџер и неколку соработници, меѓу кои и композиторката Александра Милутиновиќ, а се сликаше и на Црвениот плоштад.

Инаку, Елена уште минатото лето најави дека нејзината песна „Текила и лимон“, освен македонска, ќе има и шпанска, ама и руска верзија.

 

 

Scroll to Top