Денес во српските медиуми се пушти веста дека наводно Александра Пријовиќ ја откажува свадбата со Филип Живоиновиќ.
Оваа вест беше објавена на насловната страница на српскиот магазин „Блиц“, а пишува дека Пријовиќ во солзи, ја откажува свадбата. Магазинот пишува дека , наводно, и Лепа Брена се вмешала во приказната и дека ја убедувала да не ја откажува свадбата. Медиумот не пишува која е причината ниту пак има изјава од Александра и Филип, како потврда за веста.