Манекенката од „Викторија сикрет“ Шанина Шаик се омажи за Диџеј Ракус, со кого била во врска подолго време.
Свадбата во бохо стил се одржала на Бахамите, поточно на островот Елеутер, а на приватната свадбена церемонија присуствувале родителите и најблиските пријатели на младоженците.
Меѓу нив, секако, и ангелите на „Викторија сикрет“, моделите Џасмин Тукс и Надин Леополд.
Манекенката носела бела венчаница од тантела на „Ралф и Русо“ и накит од Лорејн Шварц.