Шведска призна дека традиционалните ќофтиња всушност се по турски рецепт. Државата ја соопшти оваа вест на официјалниот профил на „Твитер“.
„Нашето ќофте всушност се заснова на рецепт на кралот Чарлс Седми кој го донел од Турција на почетокот на 18 век. Се држиме до фактите“, гласи твитот.
Сè уште не е јасно зошто Шведска се одлучила да го соопшти ова, но информацијата предизвика бројни реакции и шеговити коментари.
„Целиот мој живот ми бил лага“, се пошегувал еден Швеѓанец на „Твитер“. Турчин, пак, се пошегувал Шведска да го смени името на јадењето во „köfte“, што е турски назив за ќофте.
Кралот Чарлс во периодот меѓу 1697 и 1718 бил во егзил во Отоманското Царство, а кога се вратил повторно во Шведска, освен рецептот за ќофте, со себе понел и зрна кафе и рецепт за сарма.