Зошто не слабеете иако редовно вежбате?

Постојат четири можни причини зошто не слабеете иако вежбате редовно.

Преобилен оброк после вежбање

Можеби не сте свесни за тоа, но оние 35 минути трчање на подвижна лента паѓаат во вода ако после теретана се почастите со чашка вино, колач или преобилна вечера. Експертите предупредуваат дека тоа е една од најчестите грешки која ја прават луѓето кои не можат да загубат килограми иако вежбаат.

Неактивен начин на живот

Ако по напорно вежбање одите дома, легнувате да гледате телевизија и јадете грицки, вашиот труд навистина е залуден. Експертите советуваат дека полесната активност во текот на денот е многу важна. Тука најмногу се мисли на кратки прошетки или средување на станот. Телесната активност е најважна за да останете во форма.

Метаболизам

Иако често слушаме како многумина го обвинуваат бавниот метаболизам за тоа што не губат килограми, сепак на вкупниот метаболизам, односно на потрошената и внесената енергија ние самите можеме да влијаеме. Со здрава и балансирана исхрана, како и со зголемена активност многу лесно можеме да го контролираме метаболизмот, па така и нашата телесна тежина.

Не слабеете туку добивате мускулна маса

Можеби наместо губење килограми, вие всушност добивате мускулна маса. Ако ви е примарна цел губење на масно ткиво, тогаш во својата рутина треба да вметнете вежби со тегови и тоа секако да го правите во интервали.

Scroll to Top