Невремето кое вчера повторно го зафати Скопје ја остави без електрична енергија целата општина Аеродром.
За време на невремето гром удри во главен далновод поради што населбите Аеродром и Лисиче останаа без струја од 21:30 часот.
Екипите на ЕВН беа на терен и успешно го санираа дефектот.