Орбан не дозволува парите на земјоделците ЕУ да им ги даде на мигрантите

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјавил дека не го поддржува предлог-буџетот на ЕУ, со кој е предвидено помалку пари за земјоделците, истражување и регионален развој, а повеќе средства за земјите што ги прифаќаат мигрантите.

Виктор Орбан во интервју за унгарски Радио Кошут изјавил дека очекува преговорите со ЕУ да потраат и истакнал дека седумгодишната пресметка мора да биде заеднички и едногласно усвоена.

„Сè додека унгарскиот народ не даде зелено светло, нема да има конечно решение“, изјавил Орбан.

Орбан додал дека на мигрантите не треба да им се даде ниту еден цент, а поддршка треба да им овозможат членките од сопствените буџети.

Орбан исто така најавил и именување тројца негови заменици, од кои Сандор Пинтер го планира за министер за внатрешни работи.

Пинтер, како што најавил Орбан, ќе биде задолжен за нова централизирана канцеларија, која ќе функционира како единствена известувачка служба.

 

 

Scroll to Top