Ватикан и Ријад потпишаа пакт за изградба на црква во Саудиска Арабија

Саудиска Арабија повеќе нема да биде единствената држава во заливот без јавни христијански места за славење на Бога откако беше потпишан договор меѓу локалните лидери и ватиканскиот кардинал за кооперативен однос.

„Ова е почеток на проближување. Тоа е знак дека саудиските власти сега се подготвени да изградат нов имиџ во оваа земја“, изјавил еден од највисоките католички официјални претставници, претседателот на Папското мнозинство за меѓурелигиски дијалог, кардиналот Тауран.

Кариналот бил во посета на Саудиска Арабија на средината на минатиот месец. Тој бил во посета што ја пренесоа локалните медиуми, а беше игнорирана од страна на медиумите што пренесуваат на англиски јазик.

Тауран се сретнал и со владетелот, принцот Мохамед бин Саламан, и со неколку духовни лидери.

Конечниот договор потпишан меѓу Тауран и шеикот Мохамед, главниот секретар на Муслиманската светска лига и на водечките невладини организации по вахабизам, не се темели само на градежни проекти, туку и за одржување муслиманско-христијански конференции, кои ќе се одржуваат еднаш на две години, како и за поголемите права на неисламските верници во кралството.

Саудиска Арабија има репутација како еден од најнетолерантните режими на светот.

Немуслиманите се казнуваат поради искажување на својата религија надвор од своите домови, а секој муслиман што ќе одлучел да се преобрати во друга вера, бил подложен на смртна казна поради бунт.

Исламскиот верски закон е наметнат рамномерно кон сите оние што живеат во оваа богата држава, без оглед на убедувањата, а верската полиција го надгледува почитувањето на верата.

Сепак, изминатите децении дошло до прилив на работници мигранти во кралството, а се претпоставува дека повеќе од 1,5 милион христијани, кои денеска живеат во земјата, главно се дојдени од Филипините.

Обидот за преговори со Ватикан за подобар статус на христијанството во Саудиска Арабија е сè поуспешен, а во 2008 година најавен е потенцијално историски договор за изградба на првата современа црква како дел од планот за воспоставување една светска религија. На почетокот надлежните се откажале од ваквиот план, но тој бил архивиран.

Можност за барем козметички приказ на толеранција се појави за време на владеењето на Мохамед бин Салман, кој веќе има напуштено неколку значителни обичаи, како оној што им забранува на жените да возат автомобили или да бидат во постојана контрола од страна на своите старатели.

 

 

Scroll to Top