Проданоски: За многу години осветувањето на храмот „Св. Никола“ во Беровци – нека биде место на вера, мир и заедништво

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска присуствуваше на осветувањето на храмот „Св. Никола“ во прилепското село Беровци.

На свечениот чин присуствуваа и Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, свештенството, голем број гости и жители на Беровци.

Проданоски истакна дека осветувањето претставува значаен ден за селото, но и за сите оние кои со својата посветеност и поддршка придонеле храмот да биде место на вера, заедништво и духовно поврзување.

„Благодарност до Митрополитот г. Петар, свештенството и до сите жители и добронамерници кои со својата поддршка придонесоа за овој убав чин“, порача Проданоски.

Тој упати и порака храмот да биде место каде што граѓаните ќе се собираат во вера и заедништво, а Свети Никола да биде закрилник на сите жители.

„Нека Свети Никола, Мирликискиот Чудотворец, биде закрилник на сите нас и нека носи здравје, мир и благослов во нашите домови. За многу години!“, порача градоначалникот на Прилеп.

Scroll to Top