Поради санкциите од ЕУ, Русија го намали извозот на нафта во Европа

Кина значително го подигна увозот на нафта од Русија, а Русија поради тоа сè помалку продава нафта во Европа.

Аналитичарите изјавиле дека Пекинг станал префериран партнер во трговијата со нафта со Москва.

Најголемиот извозник на нафта во Русија, Transneft, преку соопштение, истакнал дека од 1 јануари земјата извезува повеќе нафта во Кина, а извозот во Европа е значително намален.

Претходно, „Блумберг“ известил дека Русија испорачала 19 проценти помалку нафта од своите пристаништа на Балтичкото и Црното Море во првите пет месеци во 2018 година, а дека продала 43 проценти повеќе нафта до март.

Русија е најголемиот продавач на нафта на Европа и Кина. Аналитичарите за телевизијата „Раша тудеј“ велат дека доставувањето на сè повеќе сурова нафта во Азија е еден вид одбранбен механизам во период кога се случуваат западните санкции.

„Со оглед на моментните геополитички услови, пренасочувањето кон Кина за Русија претставува еден вид заштитна мерка. Ова поместување во трговијата со нафта ѝ овозможува на Руската Федерација во одредена мера осигурување на нафтената индустрија од санкциите на Западот“, вели Антон Покатовиќ, главниот аналитичар од Бинбанка.

Кинеската економија се развива со големо темпо, продава сè повеќе нафта и е профитабилна од економски причини, објаснува аналитичарот.

Кина е најголемиот купувач на нафта и го зголемува својот увоз.

„Оваа перспектива го прави кинескиот енергетски пазар еден од најпосакуваните за руските извозници“, вели тој.

Русија во февруари испорачала 5.052 милиона тони, односно 1,32 милион барели дневно (bdp) во Кина, што е 17,8 отсто повеќе пред година дена.

Зголемувањето на волуменот се случило како последица на вториот руски нафтовод, кој почнал со работа на 1 јануари.

Со воведувањето на кинеската валута во трговијата со нафта, и Кина и Русија би можеле да ја намалат употребата на американскиот долар во трговијата со нафта.

 

 

Scroll to Top