Актерката Кристин Дејвис, најпозната по улогата на Шарлот во хит-серијата „Сексот и градот“ посвои момче. Ова е нејзино второ посвоено дете, откако пред седум години го посвои девојчето Џема Роуз, која е од афроамериканско потекло.
„Сега сум навистина благословена“, рекла актерката.
53-годишната Кристин неколкупати изјавила дека во животот не ѝ е приоритет да се омажи, ама дека сака деца, па затоа се решила на посвојување.
„Не знаев дека процесот на посвојување е толку долг и макотрпен. А кога конечно ќе ти го дадат детето, ти велат да се ставиш во улога на дадилка, не на мајка, за да видиш како ќе се справиш со новата ситуација. Ти даваат 48 часа да се премислиш“, рекла во Кристин во интервју пред неколку години кога ја посвоила Џема.