90-годишната Добрила Ивановска Чабриќ од Дојран влезе во финалето на музичкото шоу „Никогаш не е доцна“. Таа во последната емисија ја пееше „Каљинка“ и ги воодушеви членовите на жирито со нејзиното пеење.
„Госпоѓо Добрила Вие ме оставивте без зборови. Вие имате толку добра енергија, прекрасно пеете, изгледате неверојатно. Како да имате 50 години, а не толку колку што имате“, ѝ рече пејачката Ивана Селаков по настапот.
Уште од самото претставување на сцената на „Гранд“, Добрила ја освои публиката.
„Јас се чувстувам младо бидејќи живем со вас, со вашата генерација“, рече Добрила.