Роднина на војвотката Меган Маркл се обидел да влезе вооружен со нож во бар во Лондон, а во своја одбрана се правдал дека го понел ножот затоа што претседателот Доналд Трамп рекол дека Лондон е опасен град, објави „Дејли меил“.
Полицијата го фатила во еден британски хотел, само неколку часа по венчавката на Меган Маркл и принцот Хари.
Како што пренесува „Скај њуз“, човекот поминал само со предупредување. Покрај ножот, тој на полицијата ѝ го предал и бибер-спрејот.
– Го понесов ножот бидејќи Трамп рече дека Лондон е како воена зона. Само сакав да се заштитам, изјавил Тајлер кога обезбедувањето во ноќниот клуб „Бахус“ во Лондон го открило неговиот нож.
Тајлер Дули (25) е легален одгледувач на марихуана во Орегон, САД, и е син на Томас Маркл, брат на новата британска принцеза Меган Маркл. Тајлер не бил поканет на свадбата на принцот Хари со Меган, која има крајно влошени односи со голем дел од семејството, но сепак допатувал во Британија за да има настапи за британските телевизии.