Бидермаерот што Меган Маркл го држеше на венчавката со принцот Хари по свадбата беше оставен на гроб. Ова е традиција што во кралското семејство ја започнала кралицата Елизабета во 1947 година по венчавката со Џорџ Шести. Таа својот бидермаер го оставила на гробот на незнаен борец, во спомен на брат ѝ Фергус, кој загинал во 1915 година во Првата светска војна. Оттогаш секоја кралска невеста го положува својот бидермаер на гробот на незнаен јунак.
Војвотката од Сасекс реши да ја продолжи традицијата и го прати букетот во Весминстер Еби каде беше оставен на гробот на војник кој загинал во Првата светска војна.
Бидермаерот на Меган го аранжираше Филипа Крадок, а цвеќињата ги набрал принцот Хари лично од градината во Кенсингтонската палата.