(Фото) Бијонсе и Џеј Зи на покрив славеа годишнина од брак     

Бијонсе и Џеј Зи ја прославија својата 10-годишнина од свадбата со приватна вечера на покрив на зграда во центарот на Лос Анџелес.

Минатиот месец фановите шпекулираа дека двојката ќе објави изненадувачки албум на 4 април по повод годишнината. Тие дури посочија дека албумот може да биде вклучен во турнејата Bey and Jay On the Run II, која ќе почне на 6 јуни и ќе трае до 4 октомври со 48 концерти во Северна Америка и Европа.

Но, наместо тоа, „Хиливуд репортер“ дозна дека двојката ја прославила својата годишнина, откако го резервирала целиот покрив на NoMad Hotel во Лос Анџелес, кој всушност е новата хит- дестинација во градот.

Хотелот е познат по својата италијанска архитектура и базен инспириран од Медитеранот. Зградата располага и со отворен камин, познат како Orcus Mouth, сличен на отворениот во градините на Бомарцо во Италија

Scroll to Top