Поранешниот министер за транспорт и врски Владо Мисајловски беше на шопинг со сопругата во трговскиот центар „Лепотокарија“. Откако се поднови во дуќан за костуми, тој ѝ помогна на жена си да одбере фустан. Откако таа проба неколку кратки фустани, на крајот се реши за класика – долг црн фустан.
Мисајловски беше избран за министер за транспорт и врски во 2015 година, откако Миле Јанакиевски си даде оставка. На министерската функција остана до јуни 2017 година. Во моментов тој е потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.