Анџелина Џоли не се појави на кралската венчавка на принцот Хари и Меган Маркл. Во јавноста се шпекулираше дека холивудската актерка е лута на кралското семејство.
Сега на површина испливаа нови детали за свадбата, а Анџелина наводно не сакала да пристигне на венчавката на годината, затоа што не и било дозволено да ги донесе децата. Поради ова Џоли смета дека кралското семејство не ја испочитувале во целост.
„Била навредена што нејзините деца не се поканети. И дозволиле да дојде во придружба, што е повеќе од тоа што им дозволиле на другите, но таа немала кого да земе со себе“, вели извор кој е запознат со случајот.