Поради измама, Ацо Пејовиќ завршил во полиција

Познатиот фолк-пејач Ацо Пејовиќ се соочил со непријатна ситуација кога непознат маж, претставувајќи се во негово име на социјалните мрежи, оштетил неколку жени за илјадници евра.

Жените на лажниот Ацо Пејовиќ му довериле 10.000 евра, па поради тоа, вистинскиот фолкер заврши во полиција.

Пејовиќ на надлежните им објаснил дека е во прашање лажен профил на социјалните мрежи на кој наседнале жените и на приказната што непознатата личност им ја сервирала.

Ацо Пејовиќ е само еден во низата балкански ѕвезди што се нашле во вакви слични измами на „Фејсбук“, „Инстаграм“ и на „Твитер“, а за своите искуства досега отворено зборувале Сека Алексиќ, Милица Тодоровиќ, Каја Остојиќ и многу други.

 

 

 

Scroll to Top