Директорот на „Гранд“, Саша Поповиќ, кој се труди да ѝ ја исполни секоја желба на својата сопруга Сузана Јовановиќ, овој пат за нејзиниот 50. Роденден, што пејачката ќе го одбележи наредната година, ќе се олесни за неколку илјади евра овозможувајќи ѝ да направи неколку оперативни зафати.
Пејачката и сопруга на првиот човек на „Гранд“ имала малку необична желба за својот роденден, која Саша не ја насетил.
Имено, иако може да се пофали со одличниот изглед, Сузана, судејќи според сѐ, не е целосно задоволена.
„По повод својот 50. роденден само му реков на сопругот: Љубов моја, има да се отвориш, па колку сака нека чини. Сакам сѐ да поправам“, открила Сузана за „Ексклузив“ говорејќи за естетските операции, а потоа го изнела списокот со зафати што планира да ги направи.
„Градите да ги подигнам, а стомакот и задникот да ги затегнам. Ако е потребно и малку нозете да ги соберам со липосукција. Сакам да поправам сѐ од глава до петици. Саша ме поддржа во тоа. Зарем и нему нема да му годи покрај него да има убава жена уште позгодна од сега?“, вели Сузана.