Принцезата Евгенија смее, а Меган Маркл не смее да има профил на социјалните мрежи

Војвотката од Сасекс, Меган Маркл, морала да ги згасне сите свои налози на социјалните мрежи откако се омажила за британскиот принц Хари. Причината поради која таа била принудена на ваквиот потег е фактот што членовите на кралското семејство не смеат да имаат лични налози на која било социјална мрежа, како што се „Инстаграм“ и „Фејсбук“.

Така, на „Инстаграм“, „Твитер“ и на „Фејсбук“ има профил Royal Family, кој објавува новости поврзани за сите членови на семејството, а Кејт, Вилијам, Меган и Хари имаат профил Kensington Royal.

Но, претходно оваа година еден член од кругот на кралското семејство има отворено свој профил на „Инстаграм“.

Во март оваа година на „Инстаграм“ се приклучила принцезата Евгенија (28), помладата ќерка на принцот Eндрју и војвотката Ферги. Ендрју е трето дете на кралицата Елизабета II и принцот Филип, а принцезата Евгенија има и постара сестра Беатрис (29).

Евгенија засега е единствената членка од кралското семејство која има личен инстаграм-профил. Поради тоа, многумина се прашуваат зошто нејзе тоа ѝ е дозволено, но не и на Меган Маркл?

Причината е поради тоа што Евгенија и нејзината сестра имаат и други работи, освен што претставуваат монархија.

Евгенија има постојана работа во уметничката галерија и повремено се појавува на кралските настани. Иако е деветта во редот за тронот, таа се посветила на својата кариера надвор од палатата.

Нејзиниот инстаграм-профил можете да го видите на следниот линк:

 

Scroll to Top