„Љуботен“ убедливо е поразен од „Тетекс“ (1:5) во финалето на Купот на ОФС Тетово, но единствениот гол вреди како пет.
Имено, играчот на „Љуботен“, Дејан Геровски, во стил на најдобрите изведувачи на слободни удари во историјата на фудбалот го совлада противничкиот голман. Геровски постигна гол од речиси 40 метри.