Библијата на Витни Хјустон се продава за 95.000 долари

Поп-дивата Витни Хјустон почина на 11 февруари 2012 година во својот дом на Беверли Хилс. Витни почина поради пиење голема количина лекови бидејќи ги помешала со алкохол. Веднаш потоа пејачката изгубила свест и се удавила во кадата.

Славната Витни Хјустон неколку години пред смртта живеела во луксузна куќа во Њупорт Бич, а кога се преселила, во куќата оставила голем број лични работи.

„Ги пронајдов Библијата, облеката и цедињата во картонска кутија покрај ѓубрето откако се пресели. Му се јавив на нејзиниот менаџер за работите што ги остави, а тој ми рече да ги задржам“, раскажал сопственикот на куќата со кого Витни имала потпишано договор.

Библијата, која ѝ припаѓала на Витни Хјустон, на повеќето страници го имала нејзиниот ракопис. Внатре во неа се наоѓал венчалниот лист од неа и нејзиниот поранешен сопруг, музичарот и танчар Боби Браун (49).

 

Хјустон во Библијата го запишала датумот 4 март 1993 година, денот кога се родила ќерка ѝ Боби Кристина Браун, која почина во 2015 година.

Сопственикот на куќата за недвижности објектот го продал во 2012 година, а како што тврди, сите стари работи внатре во куќата ги фрлил. Ја задржал само Библијата, која му била интересна. Овој човек Библијата сега ја продава за 95.000 долари!

Витни имала дури 11 песни на листата на Билборд, а во кариерата продала повеќе од 155 милиони плочи. Оваа бројка ја сместила меѓу најпродаваните изведувачи во историјата на Америка.

Во Гинисовата книга за рекордите Витни е наведена како уметничка со најмногу награди во историјата на музиката. Хитовите, како што се I Wanna Dance With Somebody, Saving All My Love for You или I Will Always Love You од Витни создале вечна музичка икона.

 

 

Scroll to Top