Музичкиот фестивал „Скопје колинг 2018“ во организација на „Авалон продукција“ годинава ќе се одржи од 21 до 24 јуни на стадионот на АРМ. Фестивалот ќе го отвораат Аксвел и Ингросо, чиј настап е закажан за 21 јуни. На 22 јуни ќе настапат трип-хоп легендите „Морчиба“, а по нив ќе настапат „Новел ваг“.
23 јуни е резервирана за љубителите на рок-музиката, концерт ќе има еден од најголемите британски бендови, „Тексас“, а потоа Дарко Рундек со неговиот бенд. Крајот на „Скопје колинг 2018“ е резервиран за електронската музика, со настапот на Алан Вокер.
Следната недела организаторите ќе најават каде и кога ќе се одрат настапите на „Систер Блис“ и „Роџер Санчез“.