Како жените низ светот ја негуваат косата

Без разлика од каде се, сите дами во светот се обединети од желбата да имаат убава и здрава коса. Претставничките на различните држави сепак имаат различни традиции и трикови за постигнување на таа цел. Запознајте се со некои од најинтересните.

 

Франција: Французинките се доверуваат на благопријатното дејство на маслото од шеа што се нанесуваат внимателно низ целиот скалп и потоа косата се мие со шампон.

Грција: Природата фасцинација на Гркинките е во нивната густа и здрава коса. Нивното тајно оружје е маслиновот масло кое ја штити косата од сончевите зраци и солената вода.

Русија: Русинки фасцинираат со многу здрава и убава коса која должат на шампон за … коњи. Тој ги храни и зајакнува во корените.

Тајланд: Климата во егзотичната земја е бескомпромисна врз убавината на косата. Сигурно нема да изненадиме никого, ако кажеме дека во Тајланд користат кокосов шампон кој обезбедува мекост и сјај.

Колумбија: Стар колумбиски трик е да се користат два жолчки и пире од авокадо, кои се мешаат. Косата се мачка за околу 15 минути со смесата, по што е потребно да се измие. Тоа е брз и достапен природен рецепт со која косата сјае и е исклучително мека.

Аргентина: Во оваа земја од Јужна Америка, а и не само таму долгата коса е симбол на сензуалност и женственост. За да ја одржуваат секогаш прекрасна, аргентинките се потпираат на растението алое вера, чиј сок се нанесува директно на скалпот.

Мексико: Тајната на најбрилијантната коса на мексиканките е откриена – тие користат сува крпа, наместо фен, ја замотуваат многу стегнато и цврсто околу косата по туширање и ја носат, додека косата не се исуши.

Јамајка: Тропската клима таму ја прави косата не толку шармантна, колку што би сакале Јамајканките, но нивниот трик е што ги користат речиси волшебните својства на кактусот. Тие го лупат и потоа ја измиваат косата со маслото кое се содржи во него.

Scroll to Top