Никола Груевски во дрес на Бразил, со стегач на главата, на кој пишува Робињо, им стана инспирација на твитреџиите во пресрет на мундијалот.
И новинарката Ивона Талевска ја претворија во фудбалерка од тимот на „Силекс-Тифани“, со прекар Ла Танга.
Во фудбалското друштво е и поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков, кој е претворен во фудбалскиот играч Кокаињо, кој игра за „Спарта Прага“ од Чешка.
И од нигде никаде, Љубисав Иванов – Ѕинго, претставен како Ѕинго Велики, играч на „Силекс“.
Во пресрет на Светското првенство во фудбал, кое в четврток почнува во Русија, на социјалните мрежи постојано се објавуваат фотографии од македонските политичари и лица од јавниот живот на сликички како од албумот на „Панини“.