Повеќе од шест илјади Македонски граѓани ја напуштиле државата во последниве 24 часа и заминале на продолжен викенд во Грција.
На граничниот премин Богородица кај Гевгелија повторно се создадоа огромни колони,а немаше и подолги задржувања за излез од државата. Се чекаше за влез во Грција.
На Македонска страна функционираа сите пет излезни ленти .
Речиси идентична е состојбата и на граничниот премин Дојран, каде исто така нема чекање за излез од државата.
Најчеста дестинација на Македонските државјани се краците на Халкидики .