Нова смртоносна болест „X“ предизвикува закана за целиот свет

Смртоносниот грип на кинеската живина би можел да биде „болест X“, која би можел да предизвика светска пандемија.

Професорот Џонатан Ван-Там, заменик на шефот на медицинската служба во Англија при британското Министерство за здравство, кое е задолжено за подготовка на вонредни ситуации и пандемии, изјавил дека новиот тип на птичји грип, би можел да предизвика пандемија на оваа болест на светско ниво.

Ван-Там објаснил дека вирусот кој најмногу ги загрижува него и останатите научници е H7N9, птичјиот грип кој се појавил меѓу живината во Кина.

Научниците ширум светот ги засилиле мерките на претпазливост поради тоа што Светската здравствена организација (СЗО), ја нарекла „болест X“, нов патоген, а за кој стравува дека би можел да предизвика светска пандемија.

Светската здравствена организација предупредила дека болеста би можела да однесе над милион животи, а во овој момент сеуште не е познато за што се работи, па оттука е именувана „болест икс“.

Иако не е прецизирано за каква болест станува збор, експертите сметаат дека неопходно е да бидат подготвени за масовната зараза.

Научниците ги загрижува и фактот што всушност не знаат за што се работи, но се сигурни дека може да дојде до епидемија и стравуваат дека новата болест ќе премине од животните на човекот. Научниците од СЗО предупредуваат и на опасноста од вештачки создадените смртоносни болести.

 

Scroll to Top