Поранешната Мис на светот, Пријанка Чопра веќе не крие дека е во љубовна врска со музичарот Ник Џонас. Озборувањата дека 35-годишната Индијка и десет години помладиот Американец се заедно почнаа пред неколку месеци. Папараците се обидуваа да направар заедничка фотографија , но тоа не и м успеваше до пред десетина дена, кога Пријанка и Ник се појавија заедно на аеродром во Њујорк, а потоа и во Атлантик Сити, каде што живее семејството на Ник.
Ник и Пријанка се запознаа лани во Њујорк, на хуманитарниот бал Мет гала. Чопра беше избрана за Мис на светот 2000 година, по што почна актерска кариера во Боливуд, а од пред три години почна да глуми и во американски серии и хит-филмови. Ник, пак, на почетокот на кариерата беше член на Џонас брардс, бендот што го основаше со своите браќа Џо и Кевин, а од неодамна има соло кариера. Многумина го сметаат за еден од најпосакуваните Американци до 25 години.