Силното невреме што минатата недела го зафати Скопје предизвика хаос во градскиот парк. Откорнати дрвја и скршени гранки има во поголемиот дел од паркот и тие сè уште не се расчистени од надлежните. Неколку дрва беа паднати преку една клупа. Во близина дрво паднало и преку еден од мостовите и тој е делумно оштетен.
Дел од големите дрвја се пресечени со пила на парчиња за да можат полесно да се расчистат, ама тие и понатаму се на истото место каде што останале по невремето.
Граѓаните што денес се шетаа низ паркот во Скопје коментираа дека е недозволиво паркот и по цела недела да стои нерасчистен, особено што дрвјата блокираат дел од патот и премин преку еден од мостовите.