Француската прва дама Бриџит Макрон за малку ќе одбиела да се омажи за Емануел Макрон, поради стравот дека тој би сакал во иднина да има деца.
Кога се запознале, тој имал 15, а таа 39 години. Макрон и изразил љубов по само неколку месеци врска. Пензионираната професорка, која денес има 65 години, во времето кога ја започнала аферата со Макрон, била во брак и имала три деца.
Спротивно на нејзините очекувања, аферата прераснала во сериозна врска, а 40 годишниот Емануел, на само 18 годишна возраст, собрал храброст да ја запроси Бриџит. На своја блиска пријателка Паскал, Бриџит тогаш и рекла дека е престара за таков брак.
„Еден ден дојде до мене и ми рече: „Емануел сака да се венчаме“. И реков дека во таа врска не гледам пречка, а таа ми рече: „Дали не сваќаш колку години има тој, а колку јас. Можеби ќе сака да имаме деца“, се присетува Паскал, која потоа на Бриџит и рекла дека треба да ја избере среќата.
Овие нови детали за претседателската двојка се објавени во документарецот „Бриџит Макрон: Француска приказна“, прикажана на француската национална телевизија.
Бриџит и Емануел се венчаа во текот на 2007 година, откако таа службено се развела од нејзиниот прв сопруг. Нејзината најмлада ќерка во документарецот изјавила дека имала девет години кога дознала за аферата на мајка и.
„Во нивното однесување можеле да се забележи дека меѓу нив има нешто. Ако се прашувате што е тоа љубов, ќе ви кажам дека тоа е мојата мајка и Емануел. Кога се заедно, како да не постои друг свет за нив“, изјавила таа.
„Знам дека со аферата ги повредив моите деца, но доколку не го направев тој избор, би го пропуштила животот“, изјавила Бриџит, која и покрај негодувањата од околината, останала со љубовта на својот живот.