Душко Тошиќ човек на мечот меѓу Србија и Костарика

Фудбалската репрезентација на Србија на стартот на Светското првенство во Русија, ја совлада репрезентацијата на Костарика со 1:0.

По победата на социјалните мрежи се огласија сопругата на репрезентативецот на „орлите“ Душко Тошиќ, Јелена Карлеуша и водителот Иван Ивановиќ.

И двајцата го пофалија Тошиќ за играта, особено Карлеуша која коментираше дека тој бил играч на мечот.

Иван Ивановиќ навел дека Душко бил еден од најдобрите во српскиот тим, заедно со Сергеј Милинковиќ Савиќ и стрелецот на победносниот гол Александар Коларов.

 

Scroll to Top