Поп-пејачот Владо Јаневски викендот се дружеше со бугарска старлета и танчерка Стела Тејлор. Стела објави заедничка фотографија со пејачот на своите профили на социјалните мрежи и се пофали дека е дојдена во Скопје. Таа пред неколку години често пати танцуваше во скопските дискотеки и ноќни кубови. Овојпат не откри дали е дојдена приватно или заради настап.
Владо неодамна го откажа големиот солистички концерт што требаше да се одржи летово во Скопје за да одбележи 25 години кариера. Организаторот на концертот „Авалон продукција“ тогаш рече дека концертот се одложува заради здравствени проблеми на Владо, ама декаконцертот ќе се одржи наесен.