Кралското семејство ѝ забрани на Меган морска храна

 

Меган Маркл е сега полнопрвен член на кралското семејство и тоа значи дека ќе мора да се откаже од своите навики, но и од омилената храна.

Меган ќе мора да се придржува кон строгите правила на исхрана по свадбата со принцот Хари.

Батлерот на кралското семејство Грант Харолд изјавил дека кралското семејство не јаде морска храна надвор поради страв од труење.

„Не сакаме некој од членовите на кралското семејство да добие тешка реакција од труење со храна, особено ако се на прекуморски патувања“, изјавил Харолд.

На Меган, тукму морската храна и е едно од омилените јадења, за кое велела дека секогаш мора да го има на менито. Меѓу останатите правила кои Меган мора да ги почитува се: нема да смее да гласа, нема селфи фотографии и автограми. Секогаш на патувања со себе мора да носи црна облека во случај на смрт на член на кралското семејство

Scroll to Top