На венчавката на Филип Живојиновиќ и Александра Пријовиќ која ќе бида на 21 јуни поканети се гости од цел свет. На свадбата ќе служат 160 келнери, а изнајмени се 120 соби за гостите во еден од најлуксузните белградски хотели.
Идните младенци ангажирале приватно обезбедување, од кое 60 телохранители ќе ги чуваат гостите, додека келнерите ќе служат повеќе од 900 луѓе на свадбата.
Боба Живојиновиќ, кој е главниот организатор на свадбата, резервирал соби во хотелот за на гостите да им пружи комфор.
Пред неколку дена од Кина стигнаа украсните кристали, а Боба и Стефан неодамна купиле вол од 500 килограми, кој ќе врти ражен, а тоа биде симбол на долг и среќен брак.
На менито ќе има познати специјалитети, од Хрватска ќе биде донесена свежа риба, од Црна Гора морски плодови , додека од Босна скара.
Пред свадбата младенците ќе потпишат предбрачен договор.