Маја Оџаклиевска ја раскажа тажната приказна за внукот со аутизам

Македонската пејачка Маја Оџаклиевска, која жеивее во Белград, пред 15 години се повлече од музичката сцена заради својот 8-годишен внук Лука, кому му е дијагностициран аутизам. Таа одвреме навреме се појавува во телевизиски емисии, но целосно е поветена на семејството. Вели дека ѝ е тешко кога го гледа Лука и дека и денес не може да се помири со фактот дека боледува од аутизам, оти кога се родил, тој бил здрав.

„Кога дознавме дека боледува од аутизам целиот свет ми се сруши. Најтешко од се ми е тоа што што мојата ќерка роди здраво и право бебе, а потоа нешто се случи со нашиот Лука“, изјавила Маја Оџаклиевска за српските медиуми.

Таа прва забележала дека Лука има некои проблеми.

„Лука од аутизам се разболе на свои 2 години. Најпрвин тоа се манифестираше така што се криеше под маса, стол, сакаше да биде сам. За жал, уште не зборува и тоа ми паѓа најтешко. Меѓутоа, немоќна сум во оваа ситуација. Од друга страна, пресреќна сум што е дел од мојот живот и го доживувам како дар од Бога”, рекла пејачката која секојдневно го носи малиот Лука на терапии.

Таа открила и дека нејзината ќерка не знаела како да се снајде со сето ова.

„Мојата ќерка не знае баш најдобро како да се носи со оваа ситуација, пати и тоа многу. Јас сум таа која го носи на терапии. Неговата душичка е многу напатена, на секој од нас секојдневно му пречат многу работи, а нему на пример му пречи се, па дури и лаењето на кучињата. Тоа е индивидуална работа и секое дете кое боледува од аутизам живее во свој свет и сите меѓу себе се разликуваат“, раскажала Маја.

Решила да се повлече од музиката за да се посвети на внукот. Таа сега живее со пензија од 300 евра месечно, но не се жали затоа што смета дека многу подобро ѝ е да живее скромно и да го чува внукот, отколку да пее за смешни хонорари и постојано да патува.

„Не можам многу работи да му пружам на внукот со мојата мала пензија, но тој е разумен и кога ќе му кажам дека немаме пари за да си ја дозволиме таа играчка, не се лути. Не е бесно дете коешто мора да си истера по свое“, рекла Оџаклиевска и додала „Знам дека е потребно многу време за да му биде подобро, но не се откажувам. Искрено се надевам дека еден ден ќе имам можност да разговарам со него“.

Scroll to Top