„Мајку вам божју…“- Војче Китановски шета како Тито

Војче Китановски, еден од најпознатите хумористи кај нас, облечен како Тито, настапи на Традиционалната годишна средба на некогашните борци, офицери, воени лица, ученици на Воената академија која и овојпат се одржа во малото босанско-херцеговачко место Билеќа.

 

На неговиот настап дошле од повеќе краишта на поранешната држава, каде евозирале спомени за едно убаво време. Војче се облече во воена униформа со која беше буквално ист како некоогашниот Маршал, Јосип Броз Тито. Тој пред илјадници посетители во Билеќа им се обратил во стилот Тито.

“Мајку вам Божју, све је исто само мене нема“. Нашиот популарен хуморист својата мини-турнеја после Билеќа ќе ја продолжи на Тјентиште. Војче во меѓувреме во Македонија ја објавил и својата втора книга “Антологија на 500 вицеви за деца“ со која гостува низ македонски основни училишта.

Целиот линк прочитајте го тука

Scroll to Top