Сопственикот на радио Бубамара, Ранко Петровиќ, евоцираше спомени, од времето кога во 90-тите години, се слушаше , популарното Скај радио. Тоа беше радио, кое во етерот донесе вистинско освежување и новитетити за тоа време.
Ранко сподели неколку стари фотографии, од првиот тим на Скај радиото, кое се појави со една екипа на водители, актери диџеи, емисии во живо, топ листи, домашни и странски. На фотографиите Покрај Ранко Петровиќ, се и актерите Игор Џабазов (кој долго водеше емисија на Скај радио) Ванчо Петрушевски, Гоце Тодоровски, но тука се и диџеите Сашо Мапет, Бела, и денес популарниот водител Викса кој заедно со Дарко Мијалковски имаа популарна емисија .
Во тоа време во радиото гостуваа и познати пејачи од екс ју просторите, како Бајага, Здравко Чолиќ, зад кој стоеше менаџерот Велибор Џаровски-Џаро. (А.Г.)