Сандра Булок раскажа за секс сцените

Една од најплатените глумици во Холивуд, 53 годишната Сандра Булок е позната по тоа што не сака да снима секс сцени пред камера. Вистината е дека сите овие години, колку што е актуелна во светската филмска индустрија, таа никогаш не се соблекла.

Во пресрет на промоцијата на новиот филм “Ocean’s 8”, Сандра на медиумите им открила дека имала посебно барање од режисерот и сценаристот. Станува збор за клаузула во договорот поради која не можат да ѝ бараат да снима голи сцени.

“Не сум личност која вели: Ќе се снимам себе за време на секс поради тоа што изгледам добро. Никогаш не сум се фотографирала и снимала во кревет – не сакам да гледам и дознаам која ми е добра страна, како што изгледа на мене кога сум гола, па нема ниту вие да дознаете”, рекла актерката за Сандеј Тајмс

Scroll to Top