29-годишниот ангел на „Викторијас Сикрет“, Кендис Сванапул се породи. Таа се пофали дека го родила синот дома. Фотографија од бебето сподели на својот инстаграм-профил.
„Ви благодарам за убавите желби. Нашето мало момче се роди утрово дома и не можеше да биде посовршен од тоа што е,“ напиша таа.
Кендис и нејзиниот свршеник Херман Николи го имаат и едногодишниот син Анака.